Во нападите врз Иран ранети над 2.000 деца

Во американско-израелските напади врз Иран, ранети се 2.115 деца и малолетници, изјави директорот на иранската итна служба Џафар Миадфар, пренесува Ал Џезира.

Според официјалните податоци, меѓу повредените има 124 деца помлади од пет години, како и 24 деца на возраст под две години, што укажува на сериозните последици од нападите врз најранливите категории.

Дополнително, повредени се и околу 5.000 жени, а најголемиот број напади се регистрирани во повеќе региони низ земјата, вклучително и околу Техеран, како и во покраините Хузестан, Лорестан, Исфахан, Керманшах и Илам.

Податоците ги нагласуваат цивилните последици од конфликтот, при што значителен дел од жртвите се деца и жени, во услови на ескалација на воените дејствија на Блискиот Исток.

Извор: skopje1.com

Back to top button
Close