Во наредните денови облачно со дожд, на планините снег, во вторник намалување на температурите

За време на викендот ќе дува умерен дозасилен ветер од јужен правец (над60 км/час), што ќе услови повисоки температури. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места, информираат од УХМР.

Back to top button
Close