Вo недела, посебен сообраќаен режим во Скопје

На 5 април, недела, со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од булеварот „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по булеварот „Илинден“ до целта фонтана Лотус.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Back to top button
Close