Во Неготино промовирана книгата „Светот на Евгенија” од десетгодишната Евгенија Јанчева

Во локалната библиотека „Страшо Пинџур“ во Неготино денеска беше промовирана книгата „Светот на Евгенија“. Автор е Евгенија Јанчева од Неготино, која има 10 години и е ученичка во петто одделение.

-Евгенија уште од четири години е активен член во библиотеката, каде покрај позајмувањето книги, се истакнува и со учество на сите настани и активности. Таа го сака дружењето со книгите, а од таквата дружба потекнува и желбата да се напише оваа книга и да се опише нејзиниот свет во кој таа ги остварува своите желби, радости, училишни  згоди и незгоди, вели директорката на неготинската библиотека, Катерина Данаилова.

Евгенија вели дека оваа книга е само почеток и дека ќе следуваат продолженија по примерот на многуте серијали на детски книги, додаде директорката.

Back to top button
Close