Војниците од логистичката база со армиската механизација ги истоварија кинеските вакцини

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска им честиташе на војници на Армијата за ефикасноста и организираноста при истоварувањето на кинеските вакцини, што пристигнаа утрово во Скопје.
-Војниците од логистичката база со армиската механизација го извршија истоварот, помогнаа во транспортот и складирањето на двата шлепери вакцини кои утрово пристигнаа во земјава. Слушнав само пофалби за нивната организираност и ефикасност. Ви честитам, уште еднаш покажавте дека граѓаните може да се потпрат на својата Армија!, напиша Шекериска на Фејсбук.
Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје изутрината беа истоварени 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ и сместени во ладната соба на поликлиниката. Најдоцна до понеделник вакцините ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во уште шест градови низ државата по што се очекува со нив од вторник да стартува масовната вакцинација и да се вакцинираат помеѓу 10 000 и 15 000 лица.