Во Норвешка пронајдено тело на 15-месечно момче, кое лани се удавило во Ла Манш

Полицијата во Норвешка објави дека пронашла тело на 15-месечно момче, кое почина минатата година во Ла Манш.

Според светските медиуми, момче по име Артин починало заедно со четворица членови на семејството кога бродот на кој се наоѓале потонал во октомври 2020 година.

Според Би-Би-Си, ова курдско-иранско семејство се обидувало преку Франција да стигне до Велика Британија.

Остатоците од детето ќе бидат испратени во Иран, каде што ќе биде погребан.

Back to top button
Close