Во Нова Каледонија француската жандармерија изврши операција за враќање на контролата на патот до аеродромот

– Франција започна голема операција во која се вклучени повеќе од 600 жандарми за целосно враќање на контролата на патот меѓу главниот град на Нова Каледонија Нумеа и аеродромот на француската прекуморска територија, каде шест лица загинаа во немири.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, доцна синоќа на платформата Икс објави дека во Нова Каледонија „покрената е голема операција во која учествуваат повеќе од 600 жандарми, од кои околу стотина припадници на ГИГН“, елитната тактичка единица на жандармеријата.

Целта на операцијата е „целосно да се врати контролата над 60-километарскиот главен пат меѓу Нумеа и аеродромот“ во Тонтут, рече Дарманен.

Back to top button
Close