Во Нови Сад приведени петмина опозиционери
Во Нови Сад приведени се пет членови на различни опозициски партии и според непотврдени информации се очекува на сите нив да им биде одреден 48-часовен притвор.
Приведени се Владимир Вршајков – член на Партијата на слободата и правдата (ССП) во Градското собрание на Нови Сад, Срѓан Ѓуриќ – функционер на Движењето на слободни граѓани, Горан Јешиќ – основач на движењето Солидарност, Брајан Брковиќ – секретар на советничката група Браво и Предраг Драгојевиќ покраински пратеник на Народно движење Србија во Собранието на Војводина.
За сега не се познати причините за нивното приведување. Неофицијално Драгојевиќ би можел да биде обвинет за напад на службено лице, а останатите се товарат за прекршоци – нарушување на јавниот ред и мир.
Пред полициската станица каде се притворените, собрани се градски советници од различни опозициски партии, активисти и граѓани.
Сите приведени денеска беа на протестот пред Градското собрание на Нови Сад, кога демонстрантите фрлаа јајца, јогурт и брашно кон полициските кордони, кои ја обезбедуваа седницата на која беше избран нов градоначалник.