Во ОАЕ регистрирана рекордна температура во мај од 50,4 степени Целзиусови


– Обединетите Арапски Емирати објавија дека денеска регистрирале рекордна мајска температура од 50,4 степени Целзиусови, што не е забележано во изминатите две децении во таа земја.

„Највисоката температура регистрирана во земјата денеска е 50,4 степени Целзиусови во Ал Шавамех“ во емиратот Абу Даби, објави Националниот центар за метеорологија на социјалната мрежа „Х“.

„Ова е највисоката температура некогаш забележана (во мај) откако започнаа евиденциите во 2003 година“.

Минатиот месец, пустинската земја доживеа невообичаено топло време – со рекордна просечна максимална температура од 42,6 степени Целзиусови, што ги натера властите да издадат препораки за населението да избегнува активности на отворено во најжешките часови од денот.

На 27 април, термометрите покажаа 46,6 степени – втора највисока температура некогаш забележана во земјата во април, по рекордните 46,9 степени во април 2012 година.

Back to top button
Close