Во Обвинителството постапка за кандидатот за потпретседател на Собрание, Хусни Исмаили

Обвинителството води постапка за пратеникот и кандидат за потпретседател на Собранието, Хусни Исмаили од „Алтернатива“ кој порано беше и министер за кулутура. Од Обвинителството за „Фокус“ објаснуваат дека за Исмаили постапка водела и Финансиската полиција уште пред да поднесе иницијатива Државната комисија за спречување на корупцијата.

-По добиено известување од Управата за финансиска полиција од 20.8.2021 година, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е оформен предмет по кој надлежниот обвинител на 16.9. 2021 година издаде Наредба за прибирање на потребни информации по која постапува Управата за финансиска полиција.

 

 

 

Во меѓувреме кон крајот на месец декември минатата година е пристигната и Иницијатива за кривично гонење поднесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција. Со оглед дека станува збор за исто пријавено лице и настани, иницијативата е споена со веќе оформениот предмет, велат во Обвинителството за „Фокус“.

Во јавноста досега не се знаеше дека за Исмаили имало предмет и во Финансиската полиција.

Повеќе

Back to top button
Close