Во општина Кичево има услови за различни модели на настава

Во општина Кичево има можности за почеток на учебната година со физичко присуство на учениците и наставниците, особено во училиштата во руралните средини и до трето одделение во градот, а онлајн-настава за останатите ученици.

Како општина ги разгледавме трите модели и на мислење сме дека во училиштата од руралните средини има можност наставата да се одвива со физичко присуство на учениците и наставниците бидеќи бројот на ученици во една паралелка е околу петнаесет, па има просторни услови со почитување на здравствените препораки, изјави Емин Насуфи од Општина Кичево.

Училиштата се во можност и треба да набават заштитни маски, средства за дезинфекција и да ја одржуваат хигиената на потребното ниво, освен средните училишта кои работат со блокирани сметки и тука мора да интервенира Општината.

Во градот, пак, до трето оделение наставата ќе се одвива со физичко присуство, за другите ученици, како и во двете средни училишта, наставата би се одвивала онлајн, додава Насуфи, кој вели дека конечниот збор, сепак, ќе го има МОН.

Back to top button
Close