Во општина Маврово и Ростуше, кучиња скитници ќе заловува „Зебра Ветерина“

Општина Маврово Ростуше потпиша договор со соодветна специјализирана институцја за заловување и стручен треман на кучињата скитници.

– Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски и претставник на Друштвото за ветеринарни дејности „Зебра Ветерина“ од Демир Хисар, потпишаа договор за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на нашата Општина, изјавија од секторот за информирање во оваа општина.

Според истиот извор со договорот се предвидува фирмата „Зебра-Ветерина“ ќе третира кучиња скитници на територијата на општината во период од една година.

Жителите од оваа и соседните општини Дебар Центар Жупа се жалат дека немаат мир од кучињата скитници кои слободно се шетаат и се потенцијална опасност и дење и ноќе. Во Инфективната амбуланта во Дебар, каде, поради близината помош бараат и жителите од другите две општини, во просек годишно се третираат дваесеттина каснувања од куче.

Back to top button
Close