Во Пакистан 14 деца загинаа при уривање покрив на училишна зграда

Најмалку 14 деца загинаа кога се урна покрив на училишна зграда во Лахор, источен Пакистан, соопштија властите и службите за итни случаи.

Уште пет деца се повредени во трагедијата, што се случи во округот Кана Науу на југот од вториот по големина пакистански град, изјави портпаролот на итната помош на Фондацијата Еди.

Бројот на смртни случаи за локалните медиуми го потврди министерот за здравство на покраината каде што се наоѓа Лахор.

Две лица се приведени во врска со несреќата, објави покраинската полиција.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека жали за загубата на скапоцени животи.

Уривањето покриви и згради е честа појава во Пакистан, главно поради несоодветните безбедносни стандарди и употребата на градежни материјали со лош квалитет.

Back to top button
Close