Во Париз отворена изложба на производи што не успеаја кај потрошувачите

Во Париз е отворена изложба на производи што не успеаја кај потрошувачите, а меѓу неуспесите се, меѓу другите, кукла што може да гризне прст на дете, лазањи произведени од компанијата Colgate и сода Crystal Pepsi, објавија француските медиуми.
Кустосот на изложбата наречена „Неуспеси“, што ќе трае до 17 мај следната година во Музејот на уметност и занаети, Жан-Батист Тене, избра иновации од различни категории што потрошувачите не ги прифатија, објави денеска BFM TV.
Во категоријата храна, лазањите произведени од добро познатиот бренд за паста за заби Colgate привлекуваат особено внимание.
„Ако сте најпознати по пастата за заби, без оглед на тоа дали сте сакале да ја проширите вашата потрошувачка база со друг вид производ, едноставно не функционира кога ќе го ставите логото на Colgate на кутија за храна, бидејќи многу луѓе мислат дека ќе има вкус на паста за заби“, објаснува кустосот.
Исто така, тука е и Кристал-Пепси, флаширана сода што компанијата ја лансираше со голема рекламна кампања во 80-те, но производот не беше успешен, првенствено затоа што сите мислеа дека кола-пијалокот треба да биде кафеава, а не проѕирна.
Во категоријата играчки што се покажаа како опасни, постојат пикадо произведени од Jarts Garden, кои се фрлаат во лак кон цел на земја, но ако ја промашат целта – можат сериозно да повредат некого.
Овој предмет предизвика смрт на шест лица и повреди 3.000, по што беше забранет.
Куклата Cabbage Patch Kids исто така се покажа како опасна, бидејќи има механизам во устата со кој јаде пластична храна, но нема вграден сензор, па затоа во неколку случаи гризнала детски прсти.
Потоа тука е и Барби Ролерче, кукла на ролерки, но проблемот е што тие можат да предизвикаат вистински искри, кои во доста ситуации запалиле теписи.
Некои производи се најдоа на изложбата поради неуспешни дизајни, а најочигледен пример се маиците на Зара од 2014 година, со црно-бели „пруги“ и жолта шерифска ѕвезда, но кои неодоливо потсетуваат на облеката што ја носеле затворениците во нацистичките концентрациони логори.
„Како е можно дизајнерите да не го забележале тоа?“, праша кустосот Тене.
Маиците беа повлечени од продажба по само неколку часа, по реакцијата на социјалните мрежи






