Во паркот на МКЦ бесплатна проекција на филмот „Секој знае“
Во паркот на Младинскиот културен центар вечер од 21 часот бесплатно за посетителите ќе биде прикажан филмот „Секој знае“ (Everybody Knows) во режија на Асгар Фархади, снимен во 2018 година.
Младинскиот културен центар вчера на отворено го прикажа И филмот „Portrait of a Lady on Fire“ (2019) во режија на Селин Шиама.
Од МКЦ соопштија дека проекцијата е бесплатна, но билети се задолжителни и може да се набават преку bileti.mkc.mk.
МКЦ ги организира настаните согласно со протоколите за заштита од вирусот КОВИД-19.