Во Пентагон немаат докази за напад во Бејрут, како што тврди Трамп

Пентагон нема докази дека експлозијата во либанскиот главен град била напад, како што претходно коментираше претседателот Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца неименувани извори во Пентагон.

Претходно на брифинг во Белата куќа, Трамп одговори потврдно, дали верува дека станува збор за напад во Бејрут, а не за инцидент.

Во исто време, извори на Си-Ен-Ен во Министерството за одбрана на САД забележуваат дека „тие не знаат за што зборува претседателот“.

Извор од Пентагон рече дека доколку војската има докази за таков напад, американските власти веднаш би вовеле дополнителни мерки за заштита на американските сили и имот во регионот.

Изворот на Пентагон додаде дека не биле примени такви наредби.

Back to top button
Close