Во Појасот Газа убиени најмалку 235 палестински новинари и медиумски работници

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и Палестинскиот синдикат на новинари (ПЈС) ги осудија убиствата и нападите врз новинарите и медиумските работници Најмалку 235 палестински новинари и медиумски работници се убиени, голем број се повредени, а многу исчезнале во текот на војната во Појасот Газа.

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и Палестинскиот синдикат на новинари (ПЈС) ги осудија убиствата и нападите врз новинарите и медиумските работници и побараа итна истрага.

Во вакви опасни услови, ИФЈ ги потсетува новинарите на терен да преземат мерки на претпазливост, да носат професионална заштитна опрема и да не патуваат доколку медиумската компанија не им ја обезбеди целата потребна професионална безбедносна опрема за известување. Ниту една приказна не е вредна колку животот на еден новинар, се наведува во соопштението на ИФЈ.

ИФЈ во соработка со Палестинскиот синдикат на новинари се обидува да ги потврдат информациите и да ги документираат сите убиства.

Меѓународната федерација на новинари објави список на убиени новинари и медиумски работници убиени од почетокот на војната во Појасот Газа

Back to top button
Close