Во Покровск остануваат 1.327 цивили, евакуацијата е речиси невозможна
Ситуацијата во Покровск, регионот Донецк, во моментов е најтешка: руските војници се на околу еден километар, а 1.327 цивили остануваат во градот, изјави на телевизија началникот на регионалната воена администрација на Донецк, Вадим Филашкин, објавија украинските медиуми.
-Во моментов, во Покровск, каде што ситуацијата е најтешка, остануваат 1.327 луѓе, а непријателот е на околу еден километар. Но, нашите одбранбени сили прават сè што е можно за да ги спречат окупаторите, тие се многу силни, рече началникот на регионот.
Според него, евакуацијата од градот во моментов е можна само со поддршка на украинската војска.
-Што се однесува до евакуацијата, таа е речиси невозможна без Одбранбените сили, бидејќи непријателот ги гранатира сите пристапни патишта со дронови.. Оние кои сакаат да заминат сега можат да го сторат тоа само со поддршка на Одбранбените сили, додаде Филашкин