Во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка загинаа 607 луѓе

Бројот на жртви од поплавите и лизгање на земјиштето во Шри Ланка се искачи на 607, а 214 луѓе сè уште се водат како исчезнати, соопшти денеска Центарот за управување со катастрофи (ДМЦ).
Дури 1,8 милиони луѓе се погодени, а повеќе од 5.000 куќи се целосно или делумно оштетени. Илјадници хектари оризови насади и други култури се уништени од надојдената вода.
Природните катастрофи ја погодија Шри Ланка додека земјата закрепнуваше од економската криза во 2022 година, што ја принуди да прогласи банкрот и да побара меѓународна помош.






