Во последните три седмици Индија со најголем дневен пораст на заболени

– Индија брзо станува нов епицентар на коронавирусот во светот, откако три седмици по ред пријавува најголемо дневно зголемување на нови случаи на Ковид-19 во светот. Експертите предвидуваат дека наскоро ќе го надмине Бразил, а, во некој момент, и САД, како најголемо жариште на епидемијата на светот.

Во последните 24 часа земјата регистрираше 78.357 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата во таа земја надмина 3,7 милиони лица.

.Министерството за здравство денеска соопшти дека 1.045 лица починале како резултат на коронавирус во изминатите 24 часа, што е вкупно 66.333 од избувнувањето на пандемијата. Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, Индија е трета земја во светот според бројот на смртни случаи.

На сегашната траекторија, епидемијата во Индија ќе го престигне Бразил за неколку дена и САД за околу два месеци. И за разлика од САД и Бразил, растот на случаи во Индија сè уште се забрзува, седум месеци по објавувањето на првиот случај на коровавирус на 30 јануари. Патогенот допрва ќенавлезе во огромните рурални области, каде живее најголемиот дел од 1,3 милијарди жители, по скокот на случаи во пренаселените метрополи.

Back to top button
Close