Во поток кај село Грушино е пронајдено починато седумгодишно дете

Вчера (25 јули) во попладневните часови во полициското одделение Арачиново било пријавено дека претходно во текот на денот во селото Грушино од својот домот се оддалечил седумгодишниот Ш.Р.

Вечерта од страна на полициски службеници детето било пронајдено во потокот крај селото, без знаци на живот.

Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Back to top button
Close