Во потрагата по Миле Тодоров се пребаруваат и локалните манастири

Продолжува потрагата по исчезнатиот Миле Тодоров од Неготино, на кого му се губи трагата од минатиот четврток.

– Знаеме дека Миле дал отказ на работното место во Кавадарци и тргнал пеш да оди во правец на Неготино. Доколку одел по главниот пат, можам да потврдам дека се работи за релативно урбанизирано место со многу фабрики, фирми, куќи. Последен пат е виден кај селото Морена, а во близина е пронајден и неговиот мобилен телефон. Треба да се истакне дека се работи за 28-годишник кој има право да отпатува без никого да информира, па можеби и затоа акцијата за негово пронаоѓање се чини како задоцнета. Според последните информации се пребарувале и црквите и манастирите низ Македонија, со претпоставка дека тој можеби сака да се замонаши – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Back to top button
Close