Во пожар изгоре 51-годишна жена од Волково

Полицијата утринава во 04.35 часот добила пријава дека во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа.

„При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината С.С.(51)“, информира МВР.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Back to top button
Close