Во пожар кај Василево изгореа пет хектари лозје
Во пожар што избувна денеска напладне меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково во Општина Василево, во месноста Врчви, изгореа околу пет хектари лозов насад во приватна сопственост, сува трева и грмушки.
Од ветрот пожарот има тенденција да се прошири кон селото Седларци, но засега пожарникарите на ТППЕ Струмица успешно го гаснат и не дозволуваат негово проширување.
Градоначалникот на Василево, Славе Андонов изрази загриженост и го осуди чинот на палење чии последици и обем допрва ќе се утврдуваат.
Инаку, вчера голем пожар имаше кај селото Зубово, покрај реката Струмица, каде беше зафатена површина од 20 хектари во должина од 3 километри.