Во пожар во куќа во село Матејче почина 84-годишна жена

 

Како последица на пожар почина 84-годишна жена во кумановското село Матејче.

Според информациите, инцидентот се случил синоќа, а случајот го пријавиле од Итната медицинска помош Липково.

Според пријавеното, пожарот настанал во собата во која што била Н.М., кој потоа бил изгаснат од членови на семејството. Лекар од Итната помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Куманово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.

Back to top button
Close