Во пожарот во Хонгконг загинаа 55 лица, 279 се водат како исчезнати, спасен човек од 31-от кат

Страшниот пожар што беснееше во станбен комплекс во Хонгконг одзеде најмалку 55 животи. Пожарникарите сè уште се борат со огнот.

.

Најмалку 279 лица сè уште се водат како исчезнати, додека пожарникарите и спасувачките екипи почнуваат да пребаруваат некои од облакодерите. 45 лица се во критична состојба.

Повеќе од 900 луѓе се евакуирани во привремени засолништа, додека спасувачките напори продолжуваат. Полицијата уапси двајца директори и еден консултант за градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност.

Хонгконг истражува корупција при реновирањето на зградата погодена од пожарот

Властите во Хонгконг истражуваат можна корупција поврзана со реновирањето на комплексот Ванг Фук Корт, кој беше уништен од катастрофален пожар во средата. Агенцијата за борба против корупцијата формираше специјален истражен тим, а полицијата уапси три лица под сомнение за убиство од небрежност, објави Си-ен-ен.

Пожарникарите спасија постар маж од 31-ви кат на запален облакодер

Драматична операција за спасување се одржа утрово во Хонгконг, каде што пожарникарите извлекоа постар маж од запалена зграда, потврдија противпожарните служби. Борбата со пожарот сè уште е во тек, објави CNN.

На прес-конференцијата одржана во четвртокот попладне, Вонг Ка Винг, заменик-директор на Противпожарната служба, ја нагласи посветеноста на неговите тимови.

„Ние правиме сè што можеме и нема да пропуштиме ниту една можност да спасиме животи“, рече тој.

Во комплексот живеат околу 4.600 луѓе, повеќето од нив постари лица

Според пописот од 2021 година, речиси 40% од 4.600 луѓе што живеат во станбениот комплекс Ванг Фук Корт имаат најмалку 65 години.

Некои од нив живеат во таа субвенционирана јавна населба уште од нејзината изградба, некаде во 1980-тите.

Back to top button
Close