Во пожарот во Микена не е нанесена сериозна штета на археолошкиот локалитет

 Првичната проценка на Министерството за култура на Грција е дека пожарот што вчера изби во Микена не предизвика сериозна материјална штета на археолошкиот локалитет и артефактите, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката за култура на Грција Лина Мендони, утрово го посети археолошкиот локалитет што се наоѓа на Пелопонез и рече дека „вчерашниот пожар, за среќа направи најмала можна штета“.

Додека дека иако пожарот помина низ археолошкиот локалитет, „не направи суштинска штета“.

-Превенцијата и брзата реакција, буквално го спасија археолошкиот локалитет, рече Медони.

Во однос на тоа кога археолошкиот локалитет и музејот ќе бидат повторни отворени за посетителите, министерката за култура на Грција објасни дека одлуката ќе ја донесе Противпожарната служба.

Пожарот избувна вчера напладне и поради силниот ветер брзо се прошири и во археолошкиот локалитет, по што превентивно беа евакуирани посетителите и вработените, додека пак Противпожарната служба на Грција со 56 пожарникари, четири пешадиски тима, 17 возила, четири авиони и два хеликоптери, синоќа, огнените јазици ги стави под контрола.

Back to top button
Close