Во Прилеп има споено 12 гласачки места, а 13 се дислоцирани поради безбедност

 Во Прилеп на предвремените парламентарни избори своето право на глас ќе може да го остварат 519 немоќни и хронично болни лица, како и 11 заразени од коронавирусот и седум граѓани во изолација. Ова се утврдените бројки на гласачи, кои се пријавиле во Комисијата за да го остварат своето право на глас на 13 и на 14 јули.

Од Општинската изборна комисија во Прилеп информираат дека од 142 избирачки места, на 15 јули ќе се гласа на 130 избирачки места. 12 избирачки места се спојуваат со другите зашто има помалку од 10 регистрирани гласачи.

Што се однесува до просторните услови за гласање со сите мерки и протоколи за безбедност при гласањето, 13 избирачки места се дислоцирани во близина каде просторот ги задоволува критериумите за безбедно гласање.

Во Прилеп до денеска има 58 активни случаи на коронавирусот, а 85 граѓани се во изолација.

Back to top button
Close