Во Прилеп мирен изборен процес

 Изборниот процес во Прилеп тече мирно и непречено, потврдуваат од Општинската изборна комисија.

Според Каролина Шукуроска, претседател на Општинската изборна единица, нема проблеми, ниту поплаки и забелешки за изборниот ден досега. Апелира на придржување на мрките што се одвива непречено.

– Овие избори се поинакви од досега. Немаме поплаки ниту забелешки на изборниот тек досега. Единствено е апелот сите да продолжат да се придржуваат на мерките за заштита и се надевам на фер и демократски изборен процес. Инаку, одѕивот на гласањето до 13 часот во Прилеп е 33 проценти, вели Шукуроска.

И граѓаните констатираат дека се запазуваат мерките за заштита при гласањето, а очекуваат мирни и демократски избори, како  и подобар живот, повисоки плати и пензии, услови за земјоделците.

Во Прилеп денеска своето право на глас го остваруваат 64.004-ица граѓани на 142 избирачки места.

Непречено и без проблеми со запазување на мерките за заштита се одвива и гласањето во Кривогаштани, Долнени и во Крушево.

Back to top button
Close