Во првиот уписен рок 56,8 проценти од пријавените полуматуранти исполниле услов за запишување со средно училиште во Тетово

 Во првиот уписен рок во тетовските средни училишта, според анализата на Секторот за јавни дејности се пријавиле 1.731 ученик, од кои 56,8 проценти или 984 ги исполнуваат условите за упис. Пополнети се само паралелките за профилите козметичари и негуватели на албански наставен јазик во средното медицинско училиште, додека во сите останати училиште во сите предвидени паралеки има слободни места.

-Имаме бројката од 1.731 пријавени во првиот уписен рок што претставува 88, 4 проценти од учениците кои завршиле основно образование, што е добра промена од минатото кога во првиот уписен рок се пријавувале околу 60-75 отсто од полуматурантите. Тоа што не успеале во првиот уписен рок значи дека остануваме на заложбата да има високи критериуми за упис, а учениците сега ќе можат во вториот и третио рок да се запишат во другите училишта каде има слободни места, истакна Ахмед Ќазими, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности.

Најмногу поени за запишување во едно од шесте општински средни училишта во Тетово на полуматураните им требаат за во средното општинско медицинско училиште „Никола Штејн“. За упис на еден од профилите-општи смер, фармација, стоматолошки техничар, лаборант или физиотерапевт потребни се 70 поени. Помалку поени за упис во ова училиште потребни се за смеровите козметичар со 45 поени и негувател со 35 поени. Во двете гимазнии и економското уччилиште се потребни по 60 поени за упис. За упис во средно стручните училишта во зависност од профилите се потребни од 35 до 45 поени.

Основно училиште во тетовскиот регион завршиле 2.060 деветоодделенци.

Вториот уписен рок во средните училишта е на наредната недела на 24 и 25 јуни како третиот на 29 јуни.

Back to top button
Close