Во регуларниот дел осум, а во плеј офот и плеј аутот по девет странски играчи

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука по предлог на конференцијата на клубовите од машката Супер лига за зглемување на бројот на странски ракоемтари. Во текот на сезоната 2025/2026 бројот на странски ракометари на еден натпревар ќе биде девет ракометари за време на завршниот дел односно Плеј офот или Плеј аутот, додека бројот во регуларниот дел останува осум.

Од вкупната бројка на странски ракометари право на настап имаат 6 (шест) ракометари кои што имаат настап за својата национална репрезентација во било која селекција (сениорска, младинска, кадетска).

Од вкупната бројка на странски ракометари 3 (три) ракометари да можат да настапат без ограничување од претходната точка по слободен избор на клубовите.

Back to top button
Close