Во Ресен доделени наградите на ИТФ – „Актерот на Европа 2025“
Наградата за животно дело “Актер на Европа” за легендарниот германски актер и режисер, Брајан Мајклс.
Ресен, 12 јули 2025 (Либертас) – Синоќа, со церемонија на доделување на наградите, во Сарајот во Ресен, заврши 23-то издание на Интернационалниот театарски фестивал – “Актерот на Европа – 2025”.
Завршната вечер ја одбележа и изведбата на претставата „Јелена Савојска“, работена по текст на Марија Сарап, во режија на Зоран Ракочевиќ, со актерката Јелена Ѓукиќ од Црна Гора,
Ракочевич, воедно, ги понесе наградите за најдобра претстава и најдобар драмски текст.
Според одлуката на жирито во состав: Гоце Ристовски, претседател, Трајче Кацаров и Елена Трајковска, членови, наградата “Актер на Европа”, за годишно остварување, му беша доделена на македонскиот актер Здравко Стојмиров, за неговата изведба на претставата „Фетишист“, по текст на францускиот писател Мишел Турние,а во продукција на “Народниот театар” од Битола.
Наградата на публиката ја понесе претставата „Нушиќ лично“, по текст и режија на Миодраг Илиќ, во продукција на Народниот театар на Тимочка Краина „Зоран Радмиловиќ“ од Заечар и Фондацијата „Нушиќ“ од Белград, Србија.
Наградата Жак Лакариер и припадна на претставата „Lebensraum – Експеримент во добрина“, работена по текст на Танасис Триаридис, во режија на Јанис Димакас, од Театарот “Теато Парамитиас Теспортиас”, од Грција.
Наградата „Млада Европа“ им припадна на Стефан Ѓорчев и Антониј Ѓоргиев Илиоски за улогите во претставата „Сега му е мајката“, работена по текст на Горан Стефановски, во режија на Владо Денчов, a во продукција на „Алтернативен театар Пробатон“, од Свети Николе.
Како што е познато, наградата за животно дело “Актер на Европа” му беше врачена на отворањето на фестивалот на легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс.
Добиниците на наградата ”Клучевите на Преспа”, оваа година, се еминентниот британски професор на Оксфорд, Џемс Петифер, автор на „Езерата и империите во македонската историја“ и проф. д-р Никола Јанкуловски, светски признат експерт во медицината ипоранешен ректор на УКИМ.