Во ресенско полицијата фати возач со 4,07 промили алкохол

Вчера СВР Битола имаше засилена акција, при што беа изречени 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени  4,07 промили алкохол.

„Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас“, информираат од полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close