Во Русија најмногу починати од Ковид-19 за еден ден

 Во Русија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 828 лица, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, објавија руските здравствени власти.
Русија е најзагрозената земја во Европа каде што рекордниот број смртни случаи е соборен четири пати во изминатите четири недели. Досега за еден ден починале најмногу 920 луѓе.
Од почетокот на епидемијата во Русија од Ковид-19 починаа вкупно 202.273 луѓе.
Меѓутоа, рускиот центар за статистика Ростат, кој ги следи бројките ретроактивно, соопшти дека тој број е поголем.

Back to top button
Close