Во Русија започнува судски процес за шпионажа против Еван Гершкович

Во Русија денеска почнува процесот против американскиот новинар Еван Гершкович, кој пред повеќе од една година беше уапсен под обвинение за шпионажа, јави ДПА.

Судскиот процес против дописникот на Волстрит џурнал ќе се води во Екатеринбург, 32-годишниот новинар ги негираше обвинувањата.

Портпаролот на Генералното обвинителство на Руската Федерација изјави дека, според истрагата, Гершкович собирал доверливи информации во корист на американската ЦИА. Американската влада ги негира наводите.

Според Кремљ, во тек се преговори за размена на затвореници за Гершкович. Притворот на американски граѓани во Русија често резултира со сложени преговори меѓу Москва и Вашингтон за ослободување или размена.

Back to top button
Close