Во руските напади врз Киев загинаа најмалку 12 лица, 57 се повредени


Бројот на жртви во руските напади врз Киев во текот на изминатата ноќ се искачи на најмалку 12 загинати и 57 повредени, соопшти вечерва градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Кличко на Телеграм наведе дека 27 од повредените се хоспитализирани во болниците во Киев.

Тој претходно го прогласи петок, 15 мај, за Ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град на Украина.

„Утре знамињата на сите општински згради во градот ќе бидат спуштени на половина копје. Исто така се препорачува националните знамиња да бидат спуштени на половина копје и на јавните и приватните објекти. Сите забавни настани во градот ќе бидат забранети на 15 мај“, напиша Кличко на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во нападите на 13 и 14 мај употребила 1.567 дронови и 56 ракети од различни типови против Украина.

Back to top button
Close