Во сабота во Кочани нема да се одржи „Марш за ангелите“
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ соопшти дека во сабота, 13 септември 2025 година, нема да се одржи редовниот „Марш на Ангелите”.
– На овој ден ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на нашите деца, се наведува во објавата на здружението