Во САД го апсат Олег Дерипаска, милијардерот близок на Путин

Агентите на Федералното истражно биро (ФБИ) ја опколија куќата на рускиот олигарх Олег Дерипаска во Вашингтон, напиша новинар на телевизијата Си-ен-би-си, повикувајќи се на портпарол на американската безбедноно биро.

Репортерот Том Винтер напиша на Твитер дека федерални агенти се наоѓаат пред куќата на Олег Дерипаска, а пристапот до објектот е блокиран.

Причината за нивното присуство не е позната. Портпаролот истакна дека агенцијата го спроведува законот, но не даде повеќе детали за акцијата.

Претставниците на ФБИ засега не соопштуваат која е причината за рацијата во домот на Дерипаска, кој е сопственик на моќната енергетска компанија Ен+ и гигантот во производство на алуминиум, Русал.

 

Милијардерот е под санкции од САД од 2018 година, кога американската влада им забрани на компаниите од САД да прават зделки со неговите фирми. Според американското министерство за финансии, Дерипаска уште тогаш бил под истрага за перење пари, но и поради тоа што „им се заканувал на животите на бизнис-ривали, нелегално прислушувал владин службеник, а учествувал и во изнуди и рекетирање“.

Back to top button
Close