Во САД одбележан Денот на расна еманципација

После повеќенеделни протести против полициската бруталност и расизмот, илјадници активисти демонстрираа низ САД, но во карневалска атмосфера по повод Денот на еманципација, кога се одбележува 19 јуни 1865 година – кога ропството било официјално укинато во цела Америка.

Вчерашнитите демонстрации се одржаа во согласност со сите превентивни мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Покрај улични маршеви, активистите организираа и видео-врски кои поврзуваа бројни американски градови, а активистите комуницираа едни со други и се охрабруваа да истраат во борбата против расизмот и дискриминацијата.

Овој празник го слави укинувањето на ропството во САД за време на владеењето на 16-от американски претседател Абрахам Линколн, кој во јануари 1863 година ја издаде Прокламацијата за еманципација. Таа прокламација стаса во Тексас две години подоцна, на 19 јуни 1865 година по завршувањето на четиригодишната граѓанска војна меѓу конфедерацијата на јужните држави, каде владееше робовладетелство и победничкиот унионистички американски север.

Овој ден официјално стана празник во Тексас дури 115 подоцна, дури во 1980 година, а потоа во уште 45 сојузни држави, вклучувајќи го и Дистрикт Колумбија.

Back to top button
Close