Во САД ослободена аналитичарката која шпионираше за Куба

 

Поранешната аналитичарка на американско воено разузнавање Ана Белен Монтес, осудена за шпионирање во корист на Куба пред 20 години, е ослободена од федералниот затвор во Форт Ворт, Тексас.

Монтес (65) беше уапсена во септември 2001 година и осудена за шпионажа за Куба.

Таа во 2002 година се изјасни за виновна  како дел од спогодбата за признавање на вината со федералните обвинители и беше осудена на 25 години затвор поради што „цела нација” ја довела во опасност.

Таа призна дека им го открила идентитетот на американските тајни агенти на кубанските власти и и се закануваше смртна казна.

Меѓутоа, за разлика од другите шпиони од висок профил, Монтес била мотивирана од идеологијата, а не од личната корист. Таа се согласила да работи за кубанското разузнавање делумно затоа што била против политиката на администрацијата на поранешниот претседател на САД, Роналд Реган во Јужна Америка.

Според извештајот, на Монтес првпат и се обратил колега од Универзитетот Џон Хопкинс во 1984 година, откако таа го изразила своето несогласување со американските акции во Никарагва, а подоцна била запознаена со агент на кубанската разузнавачка служба во Њујорк и „без двоумење се согласила да работи за Кубанците со цел и да и помогне на Никарагва”

Back to top button
Close