Во САД разбиена мрежа за продажба на лажни картончиња за имунизација против Ковид-19

Во САД онлајн продавница на Амазон веќе цела недела продавала лажни картончиња за вакцинација, но веб страницата веќе е отстранета и фотографии од неа покажуваат дека десет картончиња се продавале по цена од 13 долари, објави денеска Ен-пи-ар.

Нелегалната продажба се вршела и во бизниси во Калифорнија и Њујорк, но и на други места на интернет.

Вакцините против Ковид-19 во САД се добиваат бесплатно. Медицинското лице кое ја спроведува имунизацијата издава и картонче со лого и печат на ЦДЦ (државните Центри за контрола и спречување на заболувања) и стикер со датум кога биле примени вакцините .

Белото картонче им се дава на Американците како единствен официјален доказ за брза потврда за извршена имунизација. Федералната трговска комисија на САД веќе предупреди дека измамниците заработуваат со продажба на лажни документи за имунизација од Ковид-19.

Во меѓувреме, покрај Амазон, се појавија и други сајтови за продажба на картончиња за вакцинација како Етси, а тоа се прави на форумите водени од поддржувачи на Трамп но и на „црниот“ интернет, јавија дел од американските медиуми. Сето ова е дел од црниот пазар за лажни картониња за вакцинација кои во САД се појавуваат во време кога пандемијата стивнува.

Според Федералното биро за истраги (ФБИ), лажните картички за вакцинација не само што влијаат негативно врз јавното здравје туку се и незаконски. Оттаму велат дека неавторизирана употреба на печат на официјална владина агенција се казнува парично или со затвор.

– Со лажно претставување дака сте вакцинирани кога влегувате во училишта, јавен транспорт, на работа, во фитнес центри или верски објекти, се ставате себеси и тие околу вас во ризик да се заразите од Ковид-19, соопштија од ФБИ.

Министерството за правада и безбедносните агенции веќе ги контактираа веб-странците каде се продаваат лажи картониња за имунизација да ги отстранат таквите понуди од нивните платформи.

Сопственик на бар во Калифирнија и поранешен вработен во аптека на „Си-ви-ес“ од Њујорк минатиот месец беа обвинети за фалсификување државни документи и здравствени податоци откако се дозна дека продавале картончиња за имунизација против Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close