Во САД затворени последните гласачки места

Американците избираа претседател по 60-ти пат во историјата, нов состав на Конгресот и третина од Сенатот.

Резултатите главно се во согласност со очекувањата.

Врз основа на тековните проекции на Си Ен-Ен, поранешниот претседател Доналд Трамп има 246 електорски гласови, додека потпретседателката Камала Харис има 187 електорски гласови.

Си-Ен-Ен проектира дека Трамп ќе ги освои клучните колебливи држави Северна Каролина и Џорџија.

Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори

Back to top button
Close