Во самоубиствен напад во Пакистан загинаа најмалку 11 луѓе
Единаесет луѓе загинаа, а 40 се повредени откако бомбаш-самоубиец го активира експлозивот на политички собир во југозапдната пакистанска покраина Балуџистан.
Нападот се случи на паркингот на стадион во главниот град на Балуџистан, Квета. Собирот беше организиран од Националната партија на Белуџистан (БНП), националистичка партија предводена од Сардар Ахтар Менгал, поранешен главен министер на покраината.
Во Белуџистан во 2024 година регистриран е пораст на насилството за 90 проценти, при што загинале 782 луѓе. Од почетокот на годината загинале повеќе од 430 луѓе, од кои најголем број припадници на вооружените сили кои се убиени во борби со бунтовниците.
Дури 70 проценти од населението во Балуџистан е сиромашно, иако пакистанската покраина е богата со руда, нафта и гас