Во Сараево три нови случаи на лептоспироза
Во Кантонот Сараево денеска се потврдени три нови случаи на лептоспироза, соопшти кантоналниот Завод за јавно здравство.
Во Кантонот Сараево пред неколку дена беше прогласена епидемија на лептоспироза, а во моментов се заразени 25 лица.
Според последните податоци, нема смртни случаи, додека четворица пациенти се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
Институтот за јавно здравство на Република Српска вчера соопшти дека во тој ентитет на БиХ се пријавени шест заразени со лептоспироза, тројца во Бања Лука и уште тројца во Добој и Фоча, пренесе Бета.
Лептоспирозата е акутна инфективна бактериска болест која припаѓа на групата зоонози, а извор на инфекција се главно стаорци и глувци.