Во Сараево уапсени 17 полицајци поради стотина кривични дела

Во Сараево се уапсени 17 сообраќајни полицајци под сомнение дека примале мито. Тие се осомничени дека во последните неколку месеци извршиле над стотина кривични дела како што се Примање подарок и други облици на корист, како и Злоупотреба на положбата или овластувањата.

Припадниците на управата на полицијата на Сараевската и Зеничко-добојската жупанија, како и полицијата на Република Српска, во утринските часови почнаа акција во станиците на сообраќајната полиција каде имало сомнение за вакви дела. На 17 локации извршен е претрес во обид да се најдат докази за тоа дека сообраќајните полицајци за паричен надомест на прекршителите на сообраќајните правила им ги „средувале“ казните, со што ги ослободиле од одговорност.

Операцијата е почната откако се забележани и пријавени во Обвинителството на Сараевската жупанија неправилности при обработката на прекршочните налози и сообраќајни казни.

Back to top button
Close