Во Северна Ирска потврдена циркулација на новиот вид коронавирус

Во Северна Ирска е потврдена циркулација на новиот, позаразен вид на коронавирус што се појави во Велика Британија, објави Секретаријатот за здравство на Северна Ирска.

Во соопштението се наведува дека нема докази што би укажувале дека новиот вид предизвикува потешка клиничка слика или поголема смртност кај заразените, ниту дека е отпорен на вакцина и постоечките терапии.

– Способноста на вирусот да се шири побрзо предизвика сериозна загриженост, изјави главниот советник за здравство во Северна Ирска.

Back to top button
Close