Во северозападниот дел на Грција регистрирани 9.920 молњи

– Во текот на вчерашниот ден, до попладневните часови во северозападниот дел на Грција биле регистрирани 9.920 молњи од кои речиси 7.000 над морето, според податоците на системот за следење и регистрација на молњи на Националната опсерваторија во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Невремето „Таља“ што од вчера ја зафати Грција, резултираше со силни и обилни врнежи од дожд во Јонското море и во северниот дел на земјата.

На островот Крф, за околу 90 минути наврнале 69 милиметри вода.ср/

Back to top button
Close