Во Шпанија разбиена албанска наркогрупа, која со хашиш снабдувала земји во Европа

Шпанската полиција разби криминална организација составена и раководена од албански шверцери, која со хашиш снабдувала повеќе земји во Европа.

Според албанските медиуми, кои се повикуваат на шпанската полиција организацијата одгледувала, продавала и извезувала наркотици во Шпанија и други европските земји, пред сè Белгија и Германија.

Во акцијата под кодно име „Албакос“ биле уапсени вкупно 33 лица, повеќето Албанци, запленета е дрога и пари.

Од 33 уапсени, 21 од нив се во притвор, а на другите им се одредени други безбедносни мерки.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close