Во Шпанија, уште повеќе од 1.000 луѓе починале од Ковид-19 по ажурирањето на податоците

 Шпанија денеска додаде над илјада смртни случаи од коронавирусот на претходно објавениот број по првото ажурирање на податоците по речиси две недели.

Претходно беше објавено дека до 7 јуни од Ковид-19 починале 27.111 луѓе.

Денеска, по ажурирањето на податоците, вкупниот број на починати изнесува 28.313.

Од почетокот на пандемијата во Шпанија се заразиле повеќе од 244.000.

Во исто време, во официјалното истражување за имунизација се проценува дека околу пет проценти од 47 милиони жители биле заразени со коронавирусот.

Back to top button
Close