Во Штип нападнат 20-годишник, му ги украле намирниците што штотуку ги купил

Дваесетгодишен жител на општина Карбинци пријавил дека бил физички нападнат и ограбен на паркинг простор во Штип.

LСпоред информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С. (20) од село Карбинци пријавил дека околу 21:30 часот едно лице физички го нападнало на паркинг простор во Штип.

По нападот, напаѓачот му ги одзел прехранбените производи кои претходно ги купил, а се наоѓале во неговото возило.

За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Back to top button
Close